НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беса сама ќе настапи на локалните избори

0
By НОВА ТВ on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа вели дека неговата партија нема да се приклучи кон евентуалната коалиција на СДСМ и ДУИ за локалните избори, и оти се подготвуваат на изборите да настапат сами. Како партија, нагласи тој, ценат дека нивното присуство во Владата направило разлика и сакаат таа разлика да се отслика во гласови и реално како политичка партија да видат како ќе биде оценето нивното десетмесечно учество во извршната власт.

Тој не сакаше да коментира ништо во врска со средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, затоа што, како што истакна, не се познати детали од тоа што договориле двајцата лидери.

-Оставаме да се објават детали од договорот бидејќи изјавата е многу општа, па да почекаме да видиме врз основа на што ќе се држи таа коалиција, односно на што ќе се темели тој договор што го направила, рече Хоџа.

Тој ја отфрли можност Беса да се приклучи кон оваа коалиција, а најави дека е можно партискиот врв на ова движење да влезе во трка на локалните избори.

-Ние веќе и претходно сме кажале дека настапуваме со наши кандидати и затоа се воздржувам во тоа што го кажувам, не знаеме што опфаќа договорот. Многу е општа изјавата во делот на давање насоки дека негде во прв, негде во втор круг ќе соработуваат, така што без да знаеме каде во прв, каде во втор круг, не би сакале да коментираме. Меѓу другото, ние сме сериозна политичка партија и сме кажале дека настапуваме со наши кандидати и квалитетни кадри. Можам да кажам дека врвот на партијата влегува на локалните избори и тоа кажува за нашата сериозност во делот на тоа како ги цениме локалните избори, истакна Хоџа кој вчера беше избран за шеф на изборниот штаб на БЕСА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.