Во текот на вчерашниот ден починал пациент кој боледувал од вирусот на грипот А (H1N1), информираат од Инфективната клиника во Скопје.
Пациенот боледувал од повеќе тешки хронични заболувања – воспаление на белите дробови и менингит (воспаление на мозок).
Станува збор за пациент, роден 1961 година, кој бил хоспитализиран на Инфективна клиника на 23.01.2013 г. во изразито тешка општа состојба.
На пациентот веднаш му била дадена адекватна антибиотска комбинирана терапија, но и покрај напорите на лекарите во текот на вчерашниот ден била констатирана смрт.
Пред дваесетина дена на Клиниката за инфективни болести почина еден тетовец, како последица на компликации од грип од типот Х1Н1.
На крајот на минатиот месец од Институтот за јавно здравје соопштија дека бројот на заболени е двојно зголемен.