НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „27 април“: Вкупно 25 години затвор за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради осмислување на план за преку акт на насилство и упад во Собранието да не се формира нова Влада, екс-спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, судот ги прогласи за виновни за делото „Организатори на 27 април“, поконкретно за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Според судот, тие овозможиле непречен влез на масата народ во Собранието, а притоа континуирано ја намалувале бројката на присутни полициски службеници, додека првообвинетиот и поранешен премиер Никола Груевски, јасно повикувал на масовност на протестите „Излези за Македонија“, со оглед на фактот што и јавно пред камерите повикал „народот да не седи дома по папучи, туку да ја земе судбината во своите раце“.

Трајко Вељаноски беше осуден на затворска казна од шест години и шест месеци, Спиро Ристовски на шест години и три месеци, потоа Миле Јанакиески на шест години и три месеци казна затвор, како и Владимир Атанасовски, кому беше пресудена шестгодишна затворска казна.

„Случувањата на 27.4 ќе бидат запаметени како настан без преседан во македонската држава“, кажа главниот судија Илија Трпков на самиот почеток од образложувањето на пресудата. Според него овој предмет бил вистински предизвик за судството. Судот го почитуваше начелото на економичност, кажа Трпков, а постапката траеше една година и шест месеци во услови на пандемија и не се одржа по планираниот тек. Но, како што додаде, задоволство му е што немало забелешки за процесните права и од страна на одбраната и од страна на обвинителството.

-Настаните од 27 април се голем удар врз демократијата и граѓанските вредности. Лица што учествувале на тие настани е невозможно да се окарактеризираат како патриоти, кога сите видоа како се руши демократијата преку насилен упад и како се тепаат пратеници. Тоа што се карактеризираат како патриоти е апсурдно и неумесно. Собранието носело различни прописи и закони, но тоа не значи дека треба да се влезе во Собранието организирано и планирано и да се уништува законодавниот дом, вели судијата Трпков.

Тој понатаму кажа дека настаните биле планирани од страна на високи државни функционери и порача дека државата не се брани со тепање на народни претставници – тоа е застрашувачко.

-Настаните немаше да се случат без добро планирана организација. Овој Совет детално ги ценеше доказите од странките, но само целината дава одговор на многу прашања. Се наметнуваше тема дека и се суди на партијата ВМРО-ДПМНЕ, што е небулоза. Се суди на конкретни лица за преземени конкретни дејствија. Беа повикани членови на партијата да дадат исказ. Стотина лица под заклетва кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите „Излези за Македонија“, но преку СМС-пораките на високите функционери до челниците на месните комитети се докажа спротивното, иако сите сведоци без исклучок тврдеа дека не е така, додаде Трпков, напоменувајќи дека со акт на насилство бил загрозен уставниот поредок.

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Застапник на обвинението е Вилма Русковска, иако при изрекувањето на пресудата во судницата присуствуваше обвинителката Гордана Смаќоска. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.