НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиевски по одлуката на УНЕСКО: Сите нелегални градби ќе бидат отстранети

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Испорачаните резултати на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО беа меѓу најважните причини Комитетот за светско природно и културно наследство на вчерашната седница да одлучи да ни даде уште една шанса и дополнителен рок за зачувување на статусот што Охридскиот регион го поседува веќе 40 години.

Тоа денеска на прес-конференција го истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, потсетувајќи на активностите што oпштината ги спроведе во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, пред се, со отстранувањето на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на Планот за управување со Охридскиот регион.

– Оваа одлука значи нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување решенија и да вложиме максимални напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да се грижиме за непроценливото богатство што ни е оставено како аманет, рече Георгиески.

Тој изрази задоволство што Комитетот на УНЕСКО на објективен начин ја согледал состојбата и демонстрираната волја, капацитет, храброст и капацитет за соочување со, како што рече, наследените катастрофални состојби.

– Оваа локална власт со поддршка на Владата е цврсто одлучена да стави крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети, согласно новите препораки на УНЕСКО, Планот за управување, законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките, истакна тој.

Георгиески најави дека во иднина многу поинаков ќе биде пристапот кон начинот на кој ќе се управува со ресурсите што ги дала природата во регионот. Општина Охрид согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство и законските процедури, веќе спроведува анализа и подготвува соодветен план за идно уредување на крајбрежјето и плажите, за кој ќе бидат консултирани граѓаните, сите туристички чинители и релевантни организации.

Што се однесува на обврските од препораките на УНЕСКО што е во надлежност на Општината, Георгиески рече дека тоа е отстранување на сите објекти за кои има извршни правосилни решенија, потоа усогласување на барем 30 проценти од ДУП на градот со Планот за управување со Охридскиот регион, реажурурање на инвентарот на дивоградбите, а после расчистувањето на крајбрежјето да се отпочне со отстранување на дивоградбите во Националниот парк „Галичица“.

– Доколку во минатото имало вакви одлучни чекори на Општината пред се, никогаш немаше да дојде во прашање статусот на Охрид во УНЕСКО. Независно што некои медиуми и невладини организации ги сведуваа нашите активности за отстранување само на неколку платформи, ние до Комитетот на УНЕСКО доставивме детален извештај на колкава површина сме постапувале, а тоа се повеќе од 33 илјади метри квадратни со отстранети повеќе од шест илјади кубни метри шут, посочи тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.