Граѓани телефонски ја известиле Пожарната во Велес дека гори Градската депонија за комунален смет. Црн чад кој се шири го задагува воздухот и им го отежнува дишењето на жителите од населбите близу депонијата, која веќе поодамна е заградена со метална жица. Од велешката противпожарна служба инфомираат дека на градската депонија најпрво треба да интервенираат екипите на ЈКП „Дервен“ и да го гасат огнот со затрупување песок со булдожер. Но, ако огнот уште повеќе се разгоре, тие ќе мора на помош да ги повикаат пожарникарите од ТППЕ Велес.
Инаку, градската депонија во Велес се пали речиси секое лето со што им го загадува воздухт на жителите од околните населби. Палењето е најчесто поради оставање стакло и пластика кои честопати се самозапалуваат поради високите температури.