НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година од трагичната смрт на великанот на македонското новинарство Младенов

0
By Нова ТВ on March 27, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешен ден пред една година трагично загина великанот на македонското новинарство Никола Младенов.

Истрагата случајот го затвори како сообраќајната несреќа, која се случи кај клучката кај скопската населба Хиподром.

Никола Младенов беше новинар, сопственик на дневниот и неделниот Фокус, еден од највлијателните и најпочитуваните новинари и поборник за слобода на медиумите и критичното новинарство. Младенов беше еден од најголемите критичари на работата на секоја власт.

Симнете го изданието на „Фокус“ посветено на Никола Младенов.

„Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука нема компромис“, оваа порака од великанот на македонското новинарство Никола Младенов ќе остане запаметена засекогаш.

Никола Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Тој е новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ, како главен и одговорен уредник на Млад Борец, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле во неформалната „црна листа“ во македонското новинарство.

Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување се децениските гревови на комунистичката номенклатура му донесуваат на Млад Борец углед на предводник на демократските процеси во СРМ. Во 1995 година Младенов го основа Фокус, влијателен информативно-политички седмичник во Република Македонија.

Својата кариера ја почна како надежен млад актер, а кон средината на 80-тите почнува со работа како новинар во „Млад Борец“. Тој е еден од луѓето што ги воведе плуралистичките правила во македонското новинарство, заедно со својата екипа во Млад Борец.

По Млад Борец тој го основа радиото Либертас, а набргу, во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус, како прв слободен и независен неделен весник во Македонија.
Со логото „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ Фокус, под водство на Младенов станува еден од главните столбови на новото македонско општество.

Младенов го градеше брендот на „Фокус“ цели 20 години, речиси една половина од неговиот животен век, создавајќи медиум во која најважна беше речта на слободниот говор, слободата беше императивот на неговите написи.

Во 2011 година Младенов го основа и дневниот весник „Фокус“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.