28-годишната Ана, една од девојките која што беше објавена во Јавна Соба и која минатата година одлучи јавно да зборува за голготата низ која минала, кога нејзина фотографија заедно со невкусна порака и телефонски број, беа оставени во групата на Телеграм, одлучи повторно да се обрати до своите следбеници на социјалните мрежи. но овојпат за да ги поддржи законските измени, кои неодамна ги најави министерот за правда Бојан Маричиќ.
View this post on Instagram
Министерот за правда, Бојан Маричиќ истакна дека се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик – „демнење“.
– Очекувам на ваков начин да се стави крај на случаите како што беше Јавна соба, каде беа споделувани експлицитни фотографии од млади девојќи и жени. Тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички ќе го злоставува, вознемирува или застрашува ќе се казни парично а може и да добие затворска казна до 3 години, вели министерот.