Премиерот Груевски изгубил секаков критериум за политичка култура и себеперцепција,изјави градоначалникот на општината Карпош, Стевче Јакимовски.
Повод на обраќањето до Груевски е вчерашната промотивна кандидатура на Коце Трајановски за градоначалник на Скопје, во кое Груевски вели дека Јакимовски се исплашил од можната кандидатура за прв човек на Скопје: За кандидат за градоначалник во Карпош тестиравте на повеќе јавни анкети дури десет кандидати од ВМРО-ДПМНЕ.
-Избравте само еден, кој треба да ми се спротистави на претстојните локални избори. Ве прашувам:
Дали останатите девет кандидати, меѓу кои и заменици министри,пратеници, доктори,директори, стопанственици, ваши коморски апологети и други, се исплашија да се соочат со мене на евентуалните локални избори.
-Дали тоа значи дека Јагнула Куновска од сите 10 можни кандидати има највисок рејтинг во ВМРО-ДПМНЕ?“, стои во реакцијата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во врска со вчерашниот настап на премиерот Груевски на промоцијата на кандидатурата на Коце Трајановски за градоначалник на Скопје.