НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема алтернатива за членство во Европската Унија, но ЕУ за жал ја држи Република Северна Македонија речиси 17 години како земја кандидат, без притоа да го овозможи заслужениот следен чекор за нашиот пат кон интеграциите. Во такви околности, тоа го признаваат и 26 земји членки, што јавно и гласно зборуваат за заслуженоста на нашата земја да ја добие првата меѓувладина конференција, истакна премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања во Собранието.

Заев посочи дека во официјалниот извештај од ЕУ, сто проценти се потврдени процесите што биле обврска на Северна Македонија за добивање датум за почеток на преговорите.

– Одлуката е донесена, но првата меѓувладина конференција не е закажана, затоа што само една членка на ЕУ не дава согласност за започнување на преговорите, додава тој.

Премиерот истакна дека државата никогаш повеќе не била афирмирана на патот кон ЕУ, колку што е во последните години.

– Нашата земја е пример за соживот и контрааргумент на сите негативни тези за етнички територии и граници и на Балканот, а и пошироко на европскиот континет. Нашата змеја е пример дека низ дијалог и дипломатија можат да се решаваат најтешките прашања што можеле да бидат решени многу поодамна ако навистина сите сме се залагале за членство во ЕУ и НАТО. Оваа Влада што јас ја предводам тоа признание го има од целиот демократски свет и тоа мора и треба да го признаете бидејќи е видливо, истакна Заев.

Во однос на тоа дали „Отворен Балкан“ е алтернатива за ЕУ, Заев истакна дека алтернатива за членство кон ЕУ нема и не треба да има.

– Додека чекаме ЕУ да се одлучи, нема дилема дека работиме и градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, се со конечна цел да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз бидејќи тоа носи поголем бруто домашен продукт, економски стандардни, работни места и слично, објасни премиерот.

Тој додаде дека со иницијативата за „Отворен Балкан“ во случај на природни катастрофи на располагање ќе има три пати повеќе капацитети за реакција кога треба да им се помогне на граѓаните, односно сега на располагање ги имаме српските и албанските сили.

– Потпишавме договор за признавање на работни дозволи за да можеме слободно да работиме каде што ќе одлучиме, потпишавме договори за целосно ослободување на протокот на стоки и патници на нашите гранични премини, вели Заев.

За крај тој порача дека пред четири години Северна Македонија била во кавга со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, што донесе разочараност, а сега како што посочи премиерот постои соработка во регионот, а лидерите седат заедно и зборуваат во ист дух за придобивките на народот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.