Празникот Илинден се чествува и во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија АСНОМ.
Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма, а обраќање ќе има и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.