НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нашиот трет Илинден е победа на дијалогот над едноумието и омразата

0
By НОВА ТВ on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Светол е овој празник, а неговата светлина е уште посилна оваа година кога ја славиме и
30 годишнината од независноста на нашата држава и 80 години од Народното востание.
Денеска славиме и воздигнуваме ден кога се оствари вековната желба на великаните на
Крушевската илинденска епопеја и на храбрите борци на Народно ослободителната
борба“, кажа во обраќањето од Меморијалниот центар во Пелинце, претседателот на Владата, Зоран Заев, по повод празникот Илинден.

-Овој ден, овој наш најголем празник, е ден кога им оддаваме почит и ги чествуваме сите
наши мажи и жени кои беа живи факели и гореа во желбата за
македонска држава и за остварувањето на сонот на генерации и генерации дејци за
македонската кауза и во декадите што претходеа и во декадите што следуваа.
Во овој ден што го одбележуваме денеска, се дел од корените на нашата државност и на
нашата иднина. Илинден 1903 и 1944 се дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат
континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните, на народите на
нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.
Тоа се генетски записи пренесени од сите наши претходници.
Тоа се генетски записи во кои се збрани вредностите на кои се повикуваме и на кои ја
градиме иднината.
Тоа е континуитет на вредности какви што се вградени и што ги негуваат сите модерни
европски држави, кажа Заев.

Според него, светлината на Илинден блеснала двапати во нашата историја.

-Првиот пат во 1903 година со Илинденската епопеја, која заврши со Крушевската
Република. Првата Република на Балканот која на почетокот на дваесеттиот век силно го
пренесе во светот гласот за остварувањето на вековниот сон за сопствена држава на
Македонците и на своите браќа и другари од другите народи кои живееја, живеат и ќе
живеат на овие простори.
Десетте дена на Крушевската Република не се мерат според земните стандарди за
мерење на времето. Ништожни се тие временски мерки и неприменливи за да се измери
големината на Илинден 1903 и на Крушевската Република.
Нема мерка која може да ја измери големата идеја за сопствена држава во која се
вградени копнежот и жртвите на стотици и илјадници македонски дејци и остварувањето
на тој копнеж.
Во Илинден 1903-та се збрани визионерските принципи, идеали и идеи врз основа на кои
државотворноста се претвори во жива приказна во движење. Во генетскиот запис со кој и ден денеска се идентификуваат сите граѓани на нашата државата што ја создаваме како
заеднички дом за сите, додаде Заев.

„Втор пат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Свети Прохор Пчињски, каде
што се одржа Првото заседание на АСНОМ.
Тој ден се оствари визијата на бескомпромисниот борец за самостојноста на
македонското национално дело Димо Хаџи Димов, кој по повод 20 годишнината на
Илинденското востание рече: Македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен
Илинден. И го дочека: Со учеството и победата во антифашистичката голема светска војна на
територијата на Македонија, припадничките и припадниците на партизанските единици на
Народно-ослободителната борба, ја заокружија и историската цел – државноста на
нашата земја. Како земја сојузничка во антифашистичката војна, на големиот чин со историски
димензии, на Првото државотворно заседание на Антифашистичкото собрание на
народното ослободување на Македонија, раѓањето на Демократска федерална
Македонија непосредно го сведочеа и воените претставници на големите сојузнички сили
– Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Тоа се истите денешни наши сојузници во НАТО.
Ете толку далекусежно и историски значајно е Првото заседание на АСНОМ, истакна премиерот.

Заев дополни дека во виорот на борбата за слобода во Народно ослободителната војна, македонската
држава била создадена како дом на слободата, односно дом на изборот, дом на слободата на
изразувањето и на слободната мисла.

-Континуитетот на дефинирањето на македонската држава продолжи да се гради на
вредностите и принципите утврдени на Илинден 1903-та и на АСНОМ 1944-тата.
Да, народе мој,
Третиот Илинден е нашиот континуитет во афирмацијата на вредностите на кои е
изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет
според кој Северна Македонија денеска се препознава во светот.
Третиот Илинден не познава крај. Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот
стремеж кон нашата иднина. Затоа нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши.
Ние го живееме нашиот Илинден.
На нашата и на идните генерации останува да го одржуваме и да го шириме пламенот на
Илинден. Огнот што го распламтија плејадата македонски просветители, учебникари,
револуционери, комити и партизани, граматичари и писатели, како и истакнати видни
дејци припадници на другите народи во нашата земја.
На оваа наша генерација Илинден не ни е даден за да го оставиме во историјата или во
сеќавањата, туку да го живееме и да го носиме неговиот пламен во иднината каде што
припаѓаме. Илинден не е врзан за ниту една идеологија, ги надминува границите на било кој
временски период. Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, на
Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат,
творат и се борат за подобро утре во нашата татковина. Во нашиот дом. Нашиот трет Илинден е и нашата борба и нашата победа на демократските наспроти
декадентните вредности. Победата на парламентаризмот и дијалогот наспроти
едноумието, омразата и насилството, порача Заев.

Тој исто така кажа дека е уверен дека Република Бугарија е пријател и дека е многу блиску денот кога и
македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за
Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.