НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската и српската Пошта со нова соработка после „Отворен Балкан“

0
By НОВА ТВ on August 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, јави допсиникот на МИА од Белград.

Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е првиот чекор кон конкретизирање на договорот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама на зајакнување на економската соработка во регионот.

Макрадули изјави дека потпишувањето на Протоколот за соработка е почеток на практичната имплементација на иницијативата „Отворен Балкан“, што во Скопје ја најавија лидерите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

– Ние сме соседи и соработници, но во суштина нашата соработка може да биде далеку поголема. Затоа денешниот документ не е само формалност, бидејќи нашата соработка, особено преку развојот на е-трговијата и логистичките капацитети, ќе ги постави темелите за отворање трговија на Балканот, што е исклучително важно за надминување на последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави Макрадули.

Ѓорѓевиќ по потпишување на Протоколот изјави дека поштите на Србија и Северна Македонија сакаат да бидат лидери не само во национална, туку и во меѓународна рамка, и дека Протоколот што е потпишан претставува рамка на соработка за постигнување на таа цел.

– Денес, ја воспоставивме рамката за развој на нови заеднички услуги, пред се во областа на активностите на кои Пошта на Србија веќе работи интензивно, а тоа е дигитализација на услугите и развој на е-трговијата. Приближувањето на Поштите на Србија и Северна Македонија ќе придонесе за развој на економиите на нашите земји, подобар настап на регионалниот пазар и ќе донесе нови работни места и приходи, како и посилна врска помеѓу нашите граѓани и економии, изјави Ѓорѓевиќ.

Тој посочи дека Пошта на Србија, благодарение на широката мрежа на меѓународни линии, пред се кон Северна Америка, националната авиокомпанија „Ер Србија“, што наскоро се очекува да воведе летови до Далечниот Исток, ќе стане регионален центар за логистичко-поштенски услуги, со што дополнително ќе ја поддржи имплементацијата на иницијативата „Отворен Балкан“.

Ѓорѓевиќ и Макрадули најавија дека ќе испратат иницијатива до владите на Србија, Северна Македонија и Албанија за воспоставување заедничка поштенска марка и единствена цена за услугите на пратки, со цел на граѓаните од сите три земји да им се обезбедат услуги по единствена тарифа, како дополнителен поттик за отворање на балканските пазари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.