НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сè уште активни дел од пожарите, кај селото Бели целосно изгаснат, охридскиот регион ставен под контрола

0
By НОВА ТВ on August 3, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активен е пожарот над селото Градманци во скопскиот регион, но и пожарите кај кумановскиот и штипскиот регион. Пожарот кај селото Бели е целосно изгаснат, додека кај охридскиот регион е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се сè уште пожарникарите и екипите од Армијата.

Согласно состојбата со активни пожари до 13 часот денеска, од ЦУК на својот фејсбук профил објавија дека во скопски регион е активен пожарот над селото Градманци.

На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС Караџица – четири шумари. Исто така, е контактирано и со одговорните лица од општина Петровец. Состојбата се следи.

Во струмичкиот регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот завчера кај местото Погана во општина Валандово и кој зафати површина од 200 хектари, во текот на вчерашниот ден беше во мирување се до 17 часот. Но со појава на северен ветер пожарот повторно се разгоре и имаше движење према секо Казандол и Богданци и зафати површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК информираат дека денеска во утринските часови поради тивкото време пожарот е во мирување, освен мал дел над селата Брајковци и Балинци. Екипите на ТППЕ, Шумско стопанство и ДЗС се на терен и распоредени се покрај наведените села.

Во кумановски регион, во моментот покрај постоечките пожари, во 07:40 има појавено нов пожар во селото Бељаковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Ангажирана е екипа на ТППЕ Куманово со три пожарникара и едно возило.

-Во општина Старо Нагоричани во моментот и понатаму е активен пожар во селото Кокино кој се дели со длабок дол со селото Арбанашко – местото Рамно во општина Старо Нагоричане каде гори висока борова шума, дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума, информираат од ЦУК.

Во моментот од утринските часови на терен се ТПП Единица Старо Нагоричане со шест пожарникара, петмина вработени полицајци од СВР Старо Нагоричане, 30 лица војска од АРМ, шест лица вработени од Ш.Стопанство, со едно теренско возило и неколку мештани од општината Старо Нагоричане.

За пожарот во атарот на селото Дренок од општината Старо Нагоричане се исвестени од РЦУК и ТППЕ Куманово, ДЗС ПО Куманово и ЈП Национални шуми ПЕ Куманово.

Во однос на охридски регион, таму пожарите во околината на сото Делогожда-Струга и селото Девич-М.Брод се локализирани и ставени под контрола, така штоа, од ЦУК велат дека во овој момент нема опасност од нив и нема потреба од дополнителни сили и средства за справување со нив.

Во битолски регион за пожарот во општина Прилеп, атарот на селото Канатларци и селото Подмол на лице место излезена е екипа од ТППЕ Прилеп од едно пп возило и едно теренско возило, како и седум пожарникари. Зафатено е сува трева, појаси и меѓи. Зафатена е и корија во атарот на селото Подмол.

Во овој момент пожарот во атарот на селот Канатларци и Подмол, е ставен под контрола.

Пожарот на запалена шума во атарот на селот Топлица, кој започна во текот на вчерашниот ден во 13:10 часот сè уште е активен.

Екипа од едно теренско возило и четири работници, моментално заминуваат на местото на настанот. Дооплнителни информации ќе се добијат по пристигнувањето на екипата од лице место.

Во штипски регион пожарот што избувна на местото Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, е сè уште активен и е проширен.

Интервенираат екипа на Ш.С. Равна Река со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со две теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со едно возило и четири пожарникари и неколку луѓе од месното население. Гори дабова и борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Нов Истевник маало Пасјак е уште активен и е зафатена површина од околу 30 хектари. Гори борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот.

Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадника на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со осум пожарникари и една цистерна и едно теренско возило Лада нива, еден припадник на Гранична полиција со едно теренско возило Ланд Ровер.Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.

Пoжарот кој се појави вчера во 13 часот кај село Бели е целосно изгаснат. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи од ТППЕ од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. 10 луѓе од ШС Осогово-Кочани и 90 војници и старешини од АРСМ и месно население. Пожарот е изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.