Од утрово е повторно активен твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Профилот на министерот за здравство Венко Филипче, претходно беше ставен под рестрикции од страна „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање бил внесен погрешен код за верификација, информираа од Министерството.
-Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот, соопштија кон средината на јули од МЗ.
Официјалниот профил на министерот за здравство беше блокиран поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“.