Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Секаде каде и да одиме ги гледаме успесите

0
By Нова ТВ on March 31, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2014 20:00

Се сеќавам пред пет години, заедно со Вашиот градоначалник тргнавме во кампања. Тој за да биде градоначалник, јас да бидам Претседател. Се сеќавам како одевме по калливи улици и како гледавме незадоволство кај земјоделците. Сега гледам како успева Василево, порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

“Само во последнава година, за година дена, три пати сум дошол во Василево. Не доаѓам само за избори, доаѓам и да Ви го честитам успехот кој го постигнувате. Успехот на вашиот тим предводен од градоначалникот. Ме прашуваат зошто сум доаѓал во Василево на празијада. Како да не дојдам да го почитувам народот кој си ја почитува традицијата. Си ги почитува обичаите. Како да не бидам на настани каде што се нашите граѓани. Секој има потреба од внимание, и вие тоа го заслужувате. Доаѓавме и со странски амбасадори, пред кои градоначалникот го презентираше успехот на Василево. Ги посетувавме новите објекти, новите компании.

Ги гледам и земјоделците во последните години, како се чувствуваат кога еден млад тим дојде на чело на Македонија предводен од Никола Груевски. 500 милиона евра дадени се за субвенции. Но, земјоделието знае како тоа треба да го врати, со извоз на храна од Македонија, со извоз на квалитетни производи од Македонија. Тоа е успехот кога се работи тимски. Се работи тимски и со централната и со локалната власт и резултатите се видливи. Секаде каде и да одиме ги гледаме успесите.

Низ Македонија се градат автопатишта. Ја нема веќе коцката за Радовиш. Се оди по асфалтен пат. Нема напуштени села, секаде нешто се работи, секаде нешто се прави, затоа што сите ваши потреби се дел од Програмата на Коалицијата за подобра Македонија предводена до ВМРО-ДПМНЕ.

Пред пет години Вашата доверба ја добив на основа на мојата програма, а за неа поднесов отчет. Овој пат доаѓам повторно со своја програма, за следните пет години, да продолжи просперитетот и успехот на Македонија. Затоа што ние сме работливи луѓе. И јас потекнувам од земјоделски крај. И јас знам колку е мачно да се успее во животот кога се обработува земја, кога зависите од времето, дали ќе биде суша, или поплава. Но и за сите непогоди кои се случуваат кај земјоделците, во пресрет излегуваат Владата, министерствата и помагаат. И натаму ќе помагаат.

Но, не само за земјоделието. Гледаме колку нови фабрики се отвораат низ Македонија. Во последно време 120 илјади работни места се отворени низ Македонија. Сите тие луѓе имаат плата, создаваат семејства. И затоа секаде каде што одиме, бараат градинки да се отвораат низ Македонија. Тоа е успехот на Македонија. Да создадеме и сегашност и иднина за идните поколенија. Затоа што функциите доаѓаат и си проаѓаат, но останува човечноста. Да помагаме на секој поединец, на секое населено место. Да бидеме сплотени и единствени. Тогаш и другите ќе не почитуваат. Тогаш и другите ќе ни честитаат. Само сложни и обединети постигнуваме успеси. Видовме како победуваат нашите спортисти. Победуваат затоа што работат како тим. Секаде успева Македонија. Успева затоа што сме посветени на она што сакаме да го постигнеме. Секој во животот мора да успее, за да биде успешна и Македонија, изјавил Иванов, како што соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА ги објавува содржините за изборите согласно информациите, фотографиите и видео материјалот кои ги праќаат политичките партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.