Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски за Меѓународниот ден на младите

0
By Mirjana on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 12, 2021 12:59

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, којшто по повод 12 август,  Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Посочувајќи дека целта на денешниот настан е да се поврзат работодавачи и млади лица кои се во потрага по можности за кариерен развој, претседателот Пендаровски изрази уверување дека проектот ќе придонесе за професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции, прилагодени на потребите на пазарот на трудот.

„Успехот на предвидените активности секако зависи и од тоа колку младите ќе бидат проактивни, трагајќи по можности за стекнување знаење и вештини, но и од тоа колку корпоративниот сектор и граѓанските организации ќе ја препознаат оваа добра можност и ќе се здобијат со вреден човечки капитал со потенцијал соодветно да одговори на нивните потреби и барања“, рече претседателот Пендаровски.

Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија и Младинската група, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје и од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

„Апсолутно сум убеден дека со заеднички напори на сите надлежни општествени субјекти можеме да помогнеме во отворањето на нови можности и создавањето на позитивна атмосфера, со цел, младите да станат активен дел од важните општествени процеси. Заеднички да се обидеме да се оттргнеме од летаргијата, апатијата, демотивираноста и да отвориме нови перспективи, простор за нови идеи преку кои ќе ја канализираме младинската енергија“, додаде претседателот Пендаровски во обраќањето.

„Преку нашиот проект со Канцеларијата на Претседателот и Националниот младински совет ќе се обучуваат и менторираат млади луѓе како да основаат свои бизниси и ќе соработуваат со приватниот сектор и граѓанското општество за создавање на партнерства. Овие партнерства ќе создадат можности за младите луѓе да стекнат корисно работно искуство од компаниите и граѓанското општество“, рече Доминик Отвеј, Вршител на должност во Британската амбасада во Скопје.

„Се уште посветени на нашата мисија и водени од фактот што еден од најчестите предизвици при вработување за младите е недостатокот на работно искуство, оваа година работиме на градење на компетенции на младите. Проектот опфаќа практикантство, менторство, обуки за претприемништво и канцеларии во повеќе градови со цел да ги доближиме програмите за вработување, обука и дообука на младите“, заклучи Марија Крстевска, претседателка на Националниот младински совет на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.