НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Македонски Брод: Се што кажавме остваривме

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Со задоволство ја прифатив поканата за констенијадата. Затоа што ги почитувам традициите на нашиот народ. Ги почитувам оние луѓе кои си ги знаат обичаите. Знаат кој е нашиот идентитет и нашата посебност. Бев и пред еден месец, да дадам отчет за тоа што го работев изминативе пет години. Бев и пред месец дена да дадам отчет за се што сработив. Затоа што пред пет години, кога ја добив Вашата доверба, ја добив за програмата. И затоа во отчетот кажав дека сè што беше во програмата è остварено и повеќе од тоа – рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов на денешниот митинг во Македонски брод.


Тој побара втор мандат пред граѓаните со чист образ, затоа што, како што рече, „не ме промени политиката, останав истиот“.

– Со нова програма, за нова доверба од вас. Програма која има реални обврски да ја развиваме Македонија, да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на Македонија. Ние никогаш не сме кажале празни зборови, лажни ветувања. Сè што сме кажале, сè сме оствариле. И јас го правам тоа и премиерот, и министрите и градоначалниците, и резултатите се гледаат – истакна кандидатот на владејачката партија пред жителите на Македонски Брод.


Во својот говор Иванов посочи дека Македонија се сака со дела и со конкретни резултати, со посвета на иднината, со успесите во спортот, музиката, културата.

– Македонија се сака кога сте посветени на иднината на Македонија. Но, тука не застануваме. Ја бараме Вашата доверба да продолжиме со успехот. Да продолжиме со успесите во Македонија кои ги гледаме и во спортот, и во културата, и во музиката и во образованието, и во науката на секој план. И навистина сме горди кога победуваат нашите спортисти. Навистина сме горди кога гледаме како не претставуваат нашите пејачи, нашите актери. Горди сме кога слушаме како луѓе од Македонија успеваат во меѓународни институции. Така се гради Македонија. Успехот на секој од нас, е успех за Македонија. Затоа што сите сме Македонија, рече кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов во Македонски брод.

Фотографиите се во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.