Претседателскиот кандидат на ДПА Илјаз Халими синоќа побара подршка од жителите на тетовското село Челопек. Тој, меѓу другото, истакна дека ќе биде нивниот глас и ќе почне со промени за доброто на сите граѓани.
„Првпат во историјата има само еден претседателски кандидат кој е Aлбанец. Затоа сега треба да го покажеме нашиот национален потенцијал. Граѓаните не се чувствуваат безбедни,ситуацијата е многу лоша, и ова само од себе не може да се промени. Вие ова можете да го промените ако гласате за мене. Јас ќе бидам вашиот глас, и јас ќе почнам со промени – рече меѓу другото Илјаз Халими во собирот во тетовското село Челопек.
Претседателот на ДПА Мендух Тачи меѓу другото потенцираше дека ДПА е формирана за да обезбеди благосостојба за сите,а Али Ахмети и после десет години во политиката, нема власт.
„Јас сум во политиката веќе 20 години ,а ДУИ 10 години,но,разликата е во тоа што тие дојдоа со насилство и после сите овие години Ахмети нема власт. Тој ја знае вредноста на гласот на народот.Ние не сме создадени за да уништуваме членови на ДУИ, туку, за да обезбедиме благосостојба за сите граѓани и да го следиме патот кон ЕУ„ – рече Тачи.