Во обраќањето пред насобраните граѓани во Тетово претседателот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека на Македонија мора да и се случат промени. Потребни се вистински промени кои ќе ја обединат земјата, народот, и ќе ја направат Македонија држава за почит.
Заев ја акцентираше лошата економска сосојба во земјата и тешките услови за живот кои подеднакво ги мачат сите граѓани без разлика на вера и нација. „Тетово е град каде што има многу различности. Граѓаните се молат и на Господ, и на Алах. Но и покрај различностите сите ние имаме и заеднички проблеми. Тонеме во сиромаштија, врзуваме крај со крај. Причината за оваа мака што ни се случува на сите нас има име и презиме, а тоа е Никола Груевски“, рече Заев пред тетовчани.
Свое обраќање пред граѓаните на мултиетничко Тетово имаше и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа ги повика граѓаните на овие избори заедно да испратат пораки за промени.
„На 13-ти април од зад параванот да пратиме две силни пораки. Едната дека Македонија заслужува вистински Претседател, втората дека Македонија е зрела за промени“ порача заменик претседателката на Шекеринска, вечерва во Тетово.
Видео, текст и фотографии испрати Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ