Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Кичево: Не сме мали за големи успеси!

0
By Нова ТВ on April 4, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2014 09:05

„Покажавме дека Македонија е зрела држава. Дека носиме сопствени одлуки што ги бараат граѓаните на Република Македонија. Не сме мали за големи успеси! Успеси, кои ги постигнуваме на секое поле, и во дипломатијата, и во економијата, и во земјоделството и во инфраструктурата, и во спортот, и во културата“, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Горге Иванов пред кичевчани.

– Најголемиот надворешен предизвик со кој се соочуваме како држава е блокадата од нашиот јужен сосед, кој од нас бара да се откажеме од сопствениот идентитет. Бара да престанеме да бидеме она што отсекогаш сме биле. Но, не потклекнавме и не потклекнуваме.
Не дозволивме блокадите да нè поколебаат на нашиот европски пат. Ја градиме Европа во Македонија и ја интегрираме Македонија во Европската унија.


– Поставуваме европски стандарди, европски критериуми во Македонија. Затоа и добивме пет позитивни извештаи од Европската комисија и пет препораки за да почнеме со преговори за во Европската унија. Слушам некој деновиве велат дека ништо не било направено во Македонија. Замислете, тие земји – членки на НАТО, на Европската комисија и Европскиот парламент, кои ги донеле овие препораки, им кажуваат дека нивните заклучоци биле погрешни, неточни! Не заслужува коментар.

– Кичево е вградено во темелите на Македонија. Од тука произлегле славни илинденци, славни учесници во Народноослободителната борба за ослободување на Македонија. Во Подвис, Кичевско, во 1943 година се одржа првата настава на македонски јазик на слободна територија, истакна Иванов.


– Со успех градиме иднина за Македонија. Секаде во Македонија се гради. Тоа не дојде само од себе. Требаше многу работи да се преземат. Да се донесат многу закони, многу реформи, да се создаде амбиент економијата во Македонија расте. Кога расте економијата, се расте во државата. Расте производството, расте извозот. Растат пензиите, расте и социјалната помош, растат и стипендиите. Сè расте во државата, но само едно нешто опаѓа – опаѓа невработеноста. Од 2006 година кога дојде оваа млада гарнитура на власт во Македонија, предводена од Груевски, отворени се 120.000 нови работни места, рече Иванов во Кичево.

Текст и фотографии испрати Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.