Утре почнува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април. Државната изборна комисија (ДИК) одлучи кампањата да биде прекината на 12 и 13 април, поради првиот круг од претседателските избори.
Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне утре со митинг во Скопје, СДСМ со Конвенција во Скопје во недела, ДУИ веќе одржа конвенција за промоција на кандидатите, а ГРОМ во недела во Куманово ќе ги промовира своите кандидати.