Новинската агенција Асoшиејтед прес објави дека нивната фоторепортерка е убиена во Авганистан, а новинарка е тешко ранета.
Ања Ниедрингхаус (48), германска фоторепортерка со меѓународен углед, убиена на место, јавува агенцијата, а новинарката Кејти Ганон е ранета.
Ана и Кејти заедно поминале повеќе години во Авганистан, известувајќи за тамошните судири, изјави во Њујорк извршниот уредник на АП, Кејтлин Керол.
Двете новинарки, Германка и Канаѓанка, биле во град на авганистанската граница со Пакистан.
Тие биле во возило кое било дел од конвојот на работниците ангажирани за претседателските избори кои се одржуваат утре.
Конвојот го обезбедувале авганистанските војници и полицајци. Додека чекале конвојот да тргне од една контролна точка, возилото го претекнал полицаец кој започнал да пука, изјавил сведок кој се наоѓал во автомобилот.