НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на средношколци денеска на онлајн-состанок со министерката Мила Царовска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје.

– Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени. Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи колку што е можно подолго, рече Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците.

Министерката и средношколците на состанокот, како што информира МОН; го разгледаа здравствениот протокол за настава со физичко присуство во средните училишта и разговараа за негово надополнување со дополнителни мерки со цел да се обезбеди поголема заштита на учениците, наставниците и родителите.

Министерката Царовска истакна дека учениците се меѓу најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита од пандемијата.

– Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19. Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што вчера и Владата донесе одлука, рече Царовска.

Министерката апелираше до средношколците и наставниот кадар доследно да ги почитуваат мерките за заштита и да се придржуваат на протоколите, бидејќи само така  училиштата може подолго да останат отворени.

МОН потсетува дека од минатиот месец има подготвено уште две резервни сценарија кои се лесно применливи доколку се појави потреба, односно ако се влоши епидемиолошката состојба.

– Едното е хибридниот модел кој се применуваше минатата учебна година – дел од учениците да следат настава со физичко присуство, додека останатите онлајн. Другото резервно сценарио е примена на систем на ротација – со менување на групи ученици на една недела со физичко присуство и онлајн, наведува Министерство за образование и наука.

учебна година Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.