Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Потребна е комплетна политичка промена

0
By Нова ТВ on April 4, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2014 19:04


Зарем државата не е народот, како тоа државата е пред се, а е дел од народот? Младите ни бегаат надвор од државата. Ова беше еден од коментарите на мештаните во општина Дебарца.

-Власта ја претвори нашата држава во друштво со ограничена одговорност. Нивна сопствена фирма. Затоа нам ни е потребна комплетна политичка промена преку којашто законите ќе важат и за царот и за слугата подеднакво. Така Македонија ќе стане правна држава. Тоа е основна задача на шефот на државата. Тоа ќе биде мојата основна задача, рече Пендаровски во Дебарца.

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, беше и во Белчишта, Мешеишта и Волино.

-За вас жителите под Славеј планина се знае дека сте борбен и храбар народ. Од ова место со вас секогаш започнувале нашите заеднички победи, вие сте стари борци, се обрати Пендаровски пред насобраните граѓани во Белчишта.


-Оваа власт не нуди можности младите да останат овде. Сега имаме историска шанса да ги вратиме младите во нашата држава. Сега имаме историска шанса да ја вратиме државата на вистинскиот правец. Тоа ќе биде возможно само ако понудиме концепт којшто е поразличен од овој сегашниов, којшто не подели по сите основи и којшто не доведе до дереџе да се срамиме да кажеме од каде сме и колку пари имаме во џебот, додаде Пендаровски.

Во цела Македонија опозициското мислење се зголемува. Ако живееме како што велат Груевски и министрите зошто Македонија е во сиромаштија, зошто живееме лошо, коментираа во Мешеишта.

Пендаровски, продолжи на средби со граѓаните во Боровец, Подгорци и Вевчани.

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на плоштадот во Охрид ќе има свое обраќање и интерактивна дебата со охриѓани.

Фотографии, видео и текст испрати Центарот за комуникации на СДСМ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.