Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССК: Новите марки за заштита од КОВИД треба да се прецизираат

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 12:32

Сојузот на стопански комори (ССК) смета дека со новите мерки за заштита од ширење на КОВИД кои вчера стапија во сила, се предизвикуваат дополнителни проблеми поради нивната селективност и неспроведливост во пракса.

Како што вели Александра Андреева, член на Управен одбор на ССК, се остава простор за произволно толкување на одлуките.

-Владата треба да појасни дали мерките важат и за влез на лицата вработени во угостителските објекти, моловите и сите други објекти кои се опфатени со забраната доколку не поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан КОВИД. Во овој момент во пракса се случува при инспекциски надзор да се бара потврда за вакцинација за сите лица во објект, не правејќи разлика меѓу вработени и посетители со што постои потенцијална можност за ограничување на правата на личен избор на лицата вработени дали да се вакцинираат. Се бара прецизирање и јасно објаснување дали влезот во објект е слободен за секој кој поседува доказ за имунизација или од ова се исклучок лицата во работен однос во овие објекти. Недореченоста на мерките од страна на владата во незавидна положба ги става и работодавачите кои не знаат дали и како треба да постапуваат, нагласува Андреева.

Воедно, додава, иако за лицата до 18 години не е истакната одредба со која се бара да приложат потврда за влез во објектите каде постои забрана, сепак во пракса многу случаи се регистрира појава да не им е дозволено да влезат со објаснување од редарската служба дека „изгледаат” повозрасни отколку што реално се, што немаат начин како да го докажат. Исто така нејасно е и дали лицата до 18 години влегуваат во вкупната бројка од 30 лица која се дава како услов за воведување дополнителни мерки.

-Повторно останува дилемата и прашањето врз основа на кои овластувања редарската служба го црпи правото за легитимација и контрола на граѓаните. Поради овие дилеми се отвора простор за самоволно толкување и спроведување санкции од страна на институциите, дополнително обременето од новите појави на тргување со потврди за вакцинација за кои објектите немаат начин да ја утврдат нивната веродостојност имено поради целосната неспроведливост и нелогичност на донесените мерки. Постојат голем број на дилеми и отворени прашања и околу тоа како треба да се спроведат мерките, што отвора простор за нивно слободно толкување и оди во прилог на нивна неспроведливост во пракса, а воедно не се допринесува за подобрување на здравствената состојба бидејќи голем број на потенцијални жаришта на можни зарази остануваат без било какви мерки на превенција, како јавниот превоз и институциите каде циркулираат стотици вработени и посетители, вели Андреева.

Според ССК, ваквата селективност и некоординираност во постапувањето со носење неспроведливи и дискриминаторски мерки го отежнува економскиот тек и ја влошува и онака тешката финансиска состојба на претпријатијата и влијае на зачувување на работните места.

-Сојузот на стопански комори на Македонија е за воспоставување систем на заштита, но со мерки кои се логични и недискриминаторски, со кои не само про-форма, туку навистина ќе се постигне заштита на сите граѓани, потенцира Андреева.

Александра Андреева ССК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.