„Пендаровски е човекот зад кој се обедини цела Македонија, граѓаните во Пендаровски веќе го препознаа својот иден претседател“, се обрати Радмила Шекеринска на денешната средба со граѓани во општината Гази Баба.
„Од денес тргнуваме во уште една кампања, пред нас се и парламентарните избори. На граѓаните им нудиме комплетно нов граѓански концепт, нови луѓе и променет СДСМ. Излегуваме со чесна понуда, реална програма и остварливи мерки. Програма со која граѓаните ќе го добијат она што одамна го очекуваат: Промени за нов почеток“, порача заменик-претседателката на СДСМ.
Шекеринска напомена дека во програмата која СДСМ ја нуди пред граѓаните се содржани мерки кои се во насока на враќање на средната класа и достоинството на македонскиот граѓанин. Преку враќање на парите назад кај граѓаните, зацврстување на економијата, отворање на нови работни места за младите и ослободување на граѓаните од дополнителни давачки кои ги наметна власта, Македонија ќе дојде до промените и новиот почеток коj сите го очекуваат.