На вечерашната дебата помеѓу претседателските кандидати, актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов изјави дека јавноста не морала да знае кој му е советник за безбедност.
-Мојот советник за национална безбедност нема потреба некој да го знае, затоа што ги има поминато сите обуки, секаде е присутен и ги поставил сите контакти за координација кои во минатото биле прекинати, рече Иванов одговорајќи на реплика на Пендаровски во делот кога кандидатите дискутираа за безбедносните ризици на зем
-Мене ме интересира зошто името на тој човек е тајна, кога и јас бев на истата функција и сите ме знаеја, како и сите други, пред мене беше Никола Димитров и не беше тајна, му врати Стево Пендаровски на Иванов во контра-реплика.
Во видеото погледнете го делот од дебатата за безбедносни ризици каде што Иванов и Пендаровски си реплицираат меѓусебно во неколку наврати.