НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставревски: презентирана најдобрата програма во последниве 20 години

0
By Нова ТВ on April 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На прес конференција Зоран Ставревски денес рече дека “вчера беше презентирана најдобрата, најобемната програма која била направена последниве 20 години, од било која политичка партија во Македонија”.

Според него се работи за програмата со рекорден број проекти -2046. “Беше практично невозможно наеднаш да се објаснaт сите проекти. За да се запознаат граѓаните со проектите, со понудата на програмата, во наредниот период поподробно ќе ги објасниме, презентираме, барем најважните од нив, оние кои се однесуваат на побројни категории граѓани, оние кои ќе донесат најголема корист за стопанството, образованието и други клучни сектори. Денеска јас ќе се осврнам на топ проектите од мојот ресор, економија и финансии.

Ставеревски рече дека “пред пет години се случи најголемата економска криза во светот во последните 80 години, проследена со длабока должничка криза во Европа. Иако Македонија подобро се справи со кризата од многу посилни европски земји, последиците врз одделни фирми и граѓани не можеа целосно да се избегнат. Кај граѓаните тоа е најизразено преку неможност навремено да ги плаќаат достасаните обврски, што води кон голем број извршни и судски решенија”.

Тој наброја повеќе делови од програмата. “Со цел да им помогнеме на најранливите категории граѓани, програмата предвидува една многу конкретна и значајна мерка – еднократен отпис на долговите на граѓаните за струја, парно, банки и радиодифузна такса. Поконкретно ќе се отпишуваат неплатени сметки за електрична eнергија кои се утужени и неплатени подолго од 12 месеци. За долговите кои се достасани, а неплатени пократко од 12 месеци, ќе настојуваме ЕВН да одобри 6-8 годишен репрограм”.

“Корисници на правото на отпишување на долгови ќе бидат лица кои се корисници на социјална помош; лица кои подолго од 12 месеци се евидентирани како невработени лица и кои активно бараат работа во евиденцијата на Агенцијата за вработување и лица кои поради семејна несреќа (смрт на еден од сопружниците или потешка болест или губење на работната способност) се доведени во состојба да не можат да ги отплатат долговите”.

Во земјоделието тој најави поддршка: “ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, односно по 150 милиони евра секоја година! Ова е историски највисок постигнат износ за поддршка на македонскиот земјоделец обезбеден од македонската држава! За дополнителна помош на земјоделците ќе ја намалиме и стапката на ДДВ од 18% на 5% за сточна храна, адитиви за сточна храна и жив добиток, со што директно ќе се стимулира производството на месо и млечни производи. Воедно ќе се градат голем број на хидросистеми, меѓу кои брана Конско во Гевгелија, Маркова река во Струмица, Јужновардарска долина 2 фаза, Оризарска река и многу други”.

Потоа тој наброја мерки за младите семејства: “помошта ќе оди со намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за набавка на училишен прибор. Тоа е многу подобро и покорисно решение од мерката на СДСМ за еден викенд во годината без ДДВ за училишен прибор. Ние ќе овозможиме цела година, 365 дена во годината, набавка на училишен прибор со повластена, ниска стапка на ДДВ од 5%, намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за набавка на бебешки производи. Ова е голема поддршка на младите родители, кои по пониска цена ќе може да набавуваат се што е потребно за бебињата: колички, пелени, и се друго, намалување на каматните стапки во проектот Купи куќа купи стан, и тоа првите три години наместо досегашните 4,9% каматната стапка ќе изнесува 3,95%, а во четвртата и петтата година наместо 5,5% ќе изнесува 4,44%.

Најавени беа и мерки за домашните компании како и мерки за поедноставување на административните и регулаторни процедури за започнување бизнис, добивање градежни дозволи, добивање приклучок за електрична енергија, прекугранично тргување, регистрирање имот, заштита на инвеститорите, зајакнување на системот на иновации и истражување, спроведување на договорите и стечајните постапки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.