НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забраната на бракови од ист пол, за претседателот на Уругвај е мачење на луѓето

0
By Нова ТВ on April 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Општествените реформи помеѓу кои легализирање на марихуаната, абортусот и истополовите бракови, му го донесоа на Уругвај епитетот „држава на годината“, а го зголемија процентот на среќа без никакви финансиски трошоци. Зад тоа стои Хозе Алберто „Пепе“ Мухика Кордано, претседателот на јужноамериканската земја.

– Ние се водиме по едноставното начело: ги прифаќаме фактите. Геј браковите, ви се молам. Постари се од самиот свет. Го имавме Јулие Цезар, Александар Велики. Да кажете дека тоа е намерно, ви се молам. Тоа е постаро од нас самите. Тоа е објективната реалност во која живееме. За нас, забраната на геј-браковите е непотребно мачење на луѓето, ја објаснува 78-годишниот Мухика, логиката за својата политика во разговор за бразилската новинаска агенција „О Глобо“.

Уругвај стана третата земја по Канада и Аргентина која ги прифаќа истополовите бракови, откако во април минатата година беше донесена таквата улога. Законот донесе и нова терминологија и наместо „сопружници“ (маж и жена), сега се користи „договорните страни“, со цел да се избегне дискриминација, а сите парови имаат право на посвојување деца.

Некогашен герилец, Хозе Мухика добар дел 70-тите и 80-тите помиинал во затвор. Кон крајот на 70-тите учествувал во заземањето на Пандо, град близу Монтевидео, по што осуден е на затворска казна. Од властите е „фатен“ во четири наврати. Во 1972 застрелан е шест пати од страна на полицијата. Потоа е префрлен во воен затвор, каде што отслужува 14 години.

Во тој период, поминал повеќе од две години затворен во дно на бунар.

Мухика денека важи за „најсиромашниот претседател“, бидејќи 90 отсто од платата ја донира во добротворни цели. Важи за атеист и вегетаријанец кој не сака да живее луксузно.

По легализацијата на марихуаната, направено со цел да се ослабне влијанието и моќта на нарко картелите и за да се контролира производството, поддржувачите го номинираа за Нобелова награда за мир.

Кон крајот на 2013 година, реномираниот режисер Емир Костурица започна со снимање на документарен филм за Мухика, сметајќи го уругвајскиот претседател „последниот херој во политиката“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.