Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска:Кога ќе тропнат извршители, тоа е зашто Иванов го потпишал законот

0
By Нова ТВ on April 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2014 19:35

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на струмичкиот регион, со граѓаните на населеното место Пиперево. Земјоделците зборуваа за земјоделската тешка работа и лошите услови во кои работат. Се разговараше за новите мерки од програмата на СДСМ кои имаат за цел да ги подобрат условите за работа на земјоделците.

Шеќеринска истакна дека новата програма на СДСМ предвидува навремени субвенции во рацете на вистинските земјоделци; ревизија на распределбата на државно земјоделско земјиште, за да не можат поединци да се богатат на маката на земјоделците. Беа спомнати и мерките за зелена, поевтина нафта за земјоделците, за да се намалат производствените трошоци и бенефициран стаж за пензионирање, затоа што земјоделската работа е најтешката и земјоделците тоа го заслужуваат!

-На 13ти април да го подржиме масовно Стево Пендаровски, и да ги најавиме промените!
Кога за казни ќе ви го затворат дуќанот, тоа е затоа што Иванов дал амин на таков закон; кога ќе ви тропнат извршители на врата за 10 годишен стар долг, тоа е затоа што Иванов дал амин за таков закон. Затоа на 13 ти да избереме вистински претседател – претседател со интегритет, претседател на сите граѓани!

Шекеринска и нејзиниот тим се упатија и кон населеното место Градашорци. Маката на земјоделските производители беше видлива. Разочарани од ниската цена на зелката коментираа: ,,До вчера цената на зелката беше 15 денари, а денеска е 10 денари, утре колку ќе биде? Како ќе ја преживееме годината?“

Со новите мерки од програмата, новата влада на СДСМ ќе отвори регулаторно тело за да го решава проблемот со фер откуп и платени земјоделски производи.

,,Се чувствуваме измамени и излажани од власта. Ни ветија дека празот, градинарска култура која најмногу се произведува во овој крај ќе биде субвенционирана како втора култура. Субвенции за празот сеуште нема!“

Со мерката за двојни субвенции од новата програма на СДСМ и вторите култури ќе бидат субвенционирани. Ќе мотивираме зголемување на домашното земјоделско производство.
Секој земјоделец кој ќе ги зголеми своите производствени капацитети ќе добие за 20 % повисоки субвенции.

Граѓаните од Банско се пожалија: Нам не ни даваат во продавници да купуваме на вересија, а тие цела држава ја претворија во вересија !

За промени на ова што не чини, излезете на избори масовно на 13ти и на 27ми април. Казнете ги за се што ви направија изминативе 8 години, казнете ги за младите што ја напуштија земјата, казнете ги за сите пари што ги исцедија од државата! Промените доаѓаат за Нов Почеток! – порача Шекеринска од Струмичко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.