Средби со граѓаните од Ново Село и Босилово имаше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Другарки и другари мои, јас знам дека ќе ја добијам честа да ја водам оваа наша земја ама Стево ќе биде и мојот претседател. Ако земјоделците имаат пари и државата ќе има пари, тоа јас го знам бидејќи потекнувам од земјоделско семејство. Земјоделието е основната гранка која ја крепи нашата економија и живеачка“ – рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на собирот во Ново Село.
Пред жителите на Ново Село, Заев вети дека Владата на СДСМ ќе го укине персоналниот данок и ќе ја воведе зелената нафта.
Ако земјоделците имаат пари и државата ќе има пари, тоа јас го знам бидејќи потекнувам од земјоделско семејство. Земјоделието е основната гранка која ја крепи нашата економија и живеачка, рече Заев.
Жителите го прашаа Заев како тој во Струмица успеал да направи и подземни улици и катни гаражи а притоа да не ја задолжи општината како Груевски државата
„Тоа е една од разликите меѓу мене и Груевски. Во Македонија и граѓаните и државата живеат на кредити. Тоа е така бидејќи Груевски парите на граѓаните, државните пари ги изнесе надвор од Македонија на странски сметки. Ќе ги вратат сите пари што им ги украдоа на граѓаните“ – изјави Заев.
Заев им порача на граѓаните дека знае дека ќе ја добие честа да ја води оваа наша земја, ама Стево ќе биде и мојот претседател, рече Заев.