Младите од Карпош се интересираа за понудата за нивна перспектива и подобра иднина на Македонија како и за програмата на СДСМ и коалициските партнери. Рената Дескоска Тренеска, носителот на листа во изборната единица 1 им рече дека во програмата е предвидено финансирање на вработување на младите, наместо мизерните услови нов студентски град, бесплатен јавен превоз за студентите, а за основците укинување на екстерното тестирање.
„Ќе направиме се младите да ја најдат перспективата во Македонија“, рече Дескоска Тренеска.
Стефан Богоев ќе биде најмладиот пратеник во Европа. Овие избори, порача од неговата општина Карпош ќе бидат референдум во кој правец ќе се движи Македонија
„На нашите листи има нови кадри, млади, нова програма и одличен кандидат за претседател. Гласањето на 13-ти ќе биде предвесник за победата. Клучен дел од програмата се младите. Ќе создадеме услови за нови работни места за да престане иселувањето, ќе отвориме нови студентски домови, а Скопје ќе добие студентски град“, рече Стефан Богоев.
Toj побара поддршка и глас за победа, за нова иднина за сите.