НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Климатските промени се најмалку 20 отсто одговорни за летните поплави во Европа

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: politico.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Климатските промени за најмалку 20 отсто ги зголемија шансите за екстремните врнежи од дожд какви што минатиот месец предизвикана смртоносните порои низ делови од Германија и Белгија, наведуваат научниците.

Врнежите сега можат да бидат 19 проценти поинтензивни во овие области, отколку што беа пред  глобалните атмосферски температури да пораснат за 1,2 степени Целзиусови над пред индустриските температури, се наведува во истражувањето на група научници од World Weather Attribution (WWA), пренесено од британските медиуми.

-Ваквите појави дефинитивно ќе ги имаме повеќе во контекст на глобалното затоплување, изјави еден од лидерите на истражувањето, Фредерик Ото, климатолог од Универзитетот во Оксфорд.

Со оглед на тоа што екстремните временски настани доминираат во вестите во последниве години, научниците се под зголемен притисок да одредат точно колку климатските промени се одговорни за нив.

Научниците потврдуваат декла само минатата година американската суша, смртоносниот канадски топлотен бран и пожарите низ сибирскиот Арктик беа влошени од загреаната  атмосфера.

Врнежите од дожд во Европа од 12 до 15 јули предизвикаа поплави што однесоа куќи и далноводи, при што загинаа повеќе од 200 лица, главно во Германија, додека десетици загинаа во Белгија, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови во Холандија.

Иако оваа поплава беше без преседан, 39 научници од WWA открија дека локалните форми  на врнежи се многу променливи.

Тие ја спроведоа својата анализа во поширока област што се протега низ делови од Франција, Германија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија и користеа локални временски записи и компјутерски симулации за да го споредат настанот од поплавата во јули со она што можеше да се очекува во светот на кој климатските промените не влијаеја.

Бидејќи потоплиот воздух задржува повеќе влага, летните дождови во овој регион сега се три до 19 проценти пообилни отколку што би биле без глобалното затоплување, а веројатноста за вакви екстремни врнежи се зголемува 1,2 до девет пати – или 20 до 800 проценти, и тој широк опсег на несигурноста делумно се објаснува со недостаток на историски записи, велат научниците

-Ова истражување потврдува дека глобалното затоплување одигра голема улога во катастрофата со поплавите, вели Стефан Рамсторф, научник и океанограф од Институтот за истражување на влијанието врз климата во Потсдам, кој не беше вклучен во студијата.

Тој објаснува дека сето ова е во согласност со наодите од неодамнешниот извештај на ОН за климата, кој покажа дека екстремните врнежи се зголемени ширум светот.

поплави суша
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.