Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџад пристигна во Египет, одбележувајќи прва посета на Ирански лидер по повеќе од три децении.
Египетскиот претседател Мохамед Морси го пречека Ахмадинеџад, на аеродромот во Каиро, ракувајќи се, и споделувајќи воени почести.
Кратко по пристигнувањето, претседателите на двете земји одржаа дваесет минутна средба фокусирана на граѓанската војна во Сирија.
Посетата на Иранскиот претседател е последниот знак за подобрени односи помеѓу Иран и Египет.
Во посетата на Ахмадинеџад главен настан ќе биде самитот на Организацијата за исламска соработка.
Односите меѓу Техеран и Каиро се нарушија во 1980 година по потпишувањето на мировниот договор меѓу Египет и Израел.