НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бездомникот кој бараше работа преку оглас прозборе за НОВА

0
By Влатко Чаловски on April 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Кога го завртевме телефонот кој го имаше оставено во огласот, очекувавме да ни крене едноставно невработен човек. Наместо тоа, се јави чичко Киро – сиромашен пензионер кој сите примања ги дава за кирија, бара екстра работа за да може да се прехрани.

Голготата на Киро Оџаклиев започнува во 2005-та година. Срамежлив, а вреден човек – тоа се првите заклучоци кога ќе го запознаете.

Објаснува дека купува леб од 10 денари, живее во мала шупа во Аеродром за која плаќа до 4.000 денари ќирија од вкупните 7.000 денари кои месечно ги заработува.


Свесен е дека пред него има други полоши случаи на загрозени семејства, и луѓе кои немаат пари ни за леб, но потенцира дека не бара милостина, бара да биде ангажиран, бидејќи знае дека може многу повеќе од она што денес го живее.

– Земам леб од 10 денари, од пазар собирам работи, а купувам и производи со поминат рок, не се срамам тоа да го кажам, вели Киро пред камерата на НОВА, објаснувајќи дека не му е потребен луксуз, но бидејќи сака да работи, се надева дека ќе биде во можност да потроши и повеќе од максимум 100 денари дневно.

Во минатото заработувал многу повеќе, поседувал имот близу истражниот затвор Шутка, живеел 35 години во брак во стан близу трговскиот „Веро“ а потоа купил куќа за сопругата во Драчево. Во 2005 останува на улица, додека се снајде каде би живеел.

Работното искуство на Киро е големо. Работел како графичар, работел на изолација, како молер, како готвач, а од 2005-та година го изучил и чевларскиот занает а бил некое време и столар.

– Не се срамам да работам што и да е, бидејќи чесно е да се заработи лебот, дополнува Киро Оџаклиев.

Откако трае неговата борба со животот, бил жртва и на манипулации, некаде добивал помалку, а некаде не ни бил платен за работата што ќе ја завршел.

Тој сеуште се надева дека и покрај неговите 65 години, и речиси 10-ина години борба со животот, луѓето кои ќе имаат потреба, ќе го слушнат неговиот глас, ќе ги прочитаат огласите кои ги остава во весници, и дека ќе биде ангажиран да одработи.

– Без работа нема ништо, борбата за живот е таква. Најтешко е да си имал три куќи и три автомобила…се да имаш а на крајот ништо, вели чичко Киро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.