НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Граѓаните ги почитуваат политичарите кога се чесни

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во Кавадарци, за овие изминати пет години, често пати доаѓав. Имав извонредна соработка со вашиот градоначалник. Ве посетував кога се почитуваше традицијата на „Св.Трифун“ да ги кроиме лозјата, но доаѓавме и заедно со младите од повеќе места од Македонија за да го споделат искуството на соживот. Да научат како да го чуваат и негуваат сето она што ни го оставиле нашите предци“, рече синоќа во својот говор Горге Иванов претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

– Покажавме дека во државата може да се работи и тимски и сите институции да соработуваат. Знаеме како беше во минатото, кога едно збореше претседателот на државата, а друго премиерот. Овие години покажавме дека надвор имаме еден глас. Тоа што ќе го договори државниот врв, тоа што институциите во државата ќе го усогласат, тоа е ставот на државата. И затоа не почитуваат, и затоа се повеќе пријатели имаме и поддржувачи да истраеме на она што е наше. Имаме изграден став. Знаеме што сакаме. И го бараме и тоа што им припаѓа на сите други во овој свет. Ништо повеќе – ништо помалку.


– Но, ако сме единствени, сплотени, ако ја имаме вашата поддршка, се што е наше ќе си дојде. Тоа го кажав и го повторувам. Така не учеле нашите предци. Сите институции покажаа како може да се работи во интерес на државата, во интерес на граѓаните. И граѓаните можат тоа да го почувствуваат во својот секојдневен живот. Тоа го почувствуваа и земјоделците и пензионерите, и учениците и студентите. Секој почувствува дека нешто се менува во државата.

– Ни претстои уште многу работа. Но, кога сме единствени, кога сме сложни, со заедничка цел, да успее Македонија, тогаш резултатите се видливи.

– Најмногу граѓаните ги почитуваат политичарите кога се чесни. Ние покажавме дека сме чесни. Покажавме дека имаме чист образ, да дојдеме и повторно да ја бараме од вас довербата. Сплотени и единствени, со една цел: „Успешна и просперитетна Македонија“, рече синоќа Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.