Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Не бараме пратенички места за да маргинализираме некого во Собрание

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2014 11:20

Во рамките на кампањата “Заедно подобро, Заедно посилни, Заедно за Европа”, Демократската унија за интеграција синоќа одржа средба со граѓаните на Дебар.

Претседателот на партијата и истовремено носител во Изборна единица 6, г-дин Али Ахмети во својот говор рече дека со гласовите за ДУИ ќе се обезбедат подобри денови, подобро образование и подобро здравство, како и нови работни места за младите.

Г-дин Ахмети рече дека со поддршката на Албанците на 27 април, ДУИ ќе обезбеди најголемо влијание во следната влада, но и напредок во евро-атлантските интеграции.

„Кога и да сме побарале поддршка од Дебарчани, секогаш и сме го добиле истото. Но, денес таа подршка уште е посилна и поорганизирана. Слушам и ги следам кампањите на другите, вниматлено ги слушам сите програми и платформи на партиите учеснички изборите се со цел да имам по кристални убедувања во однос на тоа што треба да му се понуди на албанскиот електорат и на другите. ДУИ не е изградена врз одредена или себична платформа или врз платформа само за својата заедница.

– Ние не бараме мандати да владееме со другите, ние бараме мандати и им се обраќаме на Албанците да продолжиме со деценискиот пат во унапредување на албанското прашање во Македонија. Ние не бараме пратенички места за да маргинализираме некого во Собранието на Република Македонија, ние бараме мандат за подобро образование, подобро здраство, мандати за отворање на нови работни места , бидејќи тоа е нашата земја“, рече Ахмети.

Лидерот Ахмети во неговиот говор уште еднаш ја повтори важноста за членството на земјата во НАТО и ЕУ, како гаранција за стабилност, мир и иднина, и јасно укажа на фактот дека иднината на земјата е нејзино приклучување во овие две меѓународни структури.

Говорејќи за внатрешните прашања, Ахмети се осврна и во унапредувањето на албанскиот јазик, како незатворено поглавје, и покрај тековните напори за нејзино унапредување.
Г-дин Ахмети исто така повика на решавање на сите отворени внатрешни и надворешни прашања кои ги има Македонија.

„Сметаме дека оваа земја има иднина и тоа е соработката меѓу Албанците и Македонците“, истакна лидерот Ахмети.

„Сакаме земјата да ја интегрираме заедно во Европа, бидејќи поделени таму не можеме да стигнеме. Ние сакаме интеграција во НАТО бидејќи само една заедница, едноставно, тоа не може да го направи. Бараме решенија за сите прашања“, потврди Ахмети.

Осврнувајќи се на прашањето „Радика“ Ахмети ги увери граѓаните дека по однос на оваа тема не може ништо да се случи лошо.

Тој во неговиот говор продолжи со тоа дека ДУИ никогаш не ги разочарала Албанци и дека ќе се обиде да ги оживее сите обврски на кандидатите за пратеници.


Носителот за изборната листа 5, Муса Џафери во неговиот говор рече дека постигнувањата на оваа деценија носат печат на со ДУИ, и рече дека Албанците се државотворен народ и дека оваа земја е и нивна.

„Ние вечерва се собравме тука да ја промовираме нашата платформа за изборите од 27 април. Ние сме тука да продолжиме со нашите аманети кои од 2002 година ги унапредуваат правата на албанските граѓани како автоктони и базирани на европското право. Ние сме во специфични околности со оглед на тоа дека нашите права биле негирани со векови. Сите овие се сублимирани во платформата на ДУИ и затоа со право можеме да кажеме дека овие избори се исто толку значајни како тие од 2002 година“, рече Џафери.

Тој, продолжи својот говор, велејќи дека Албанците се наоѓаат во нивната земја и дека сите тие права ќе ги добиат преку дебата.

„Дозволете да се ориентираме кон ДУИ па да побараме да продолжат евро-атлантските структури. Ние ќе ги убедиме сите дека оваа политика не е против никого. Ние сме за меѓуетничко помирување и ќе настојуваме да инсистираме тие да ги добиеме низ дебата во Парламентот, рече Џафери.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата упати апел за обединување на дебарчани, додавајќи дека интеграцијата во ЕУ може да се случи само преку ДУИ.

“Ниe се собравме за нашата иднина, да ја подобриме вашата благосостојба, ние немаме друго ветување освен гласањето на нашата платформа. Ние заедно сме посилни. Денес Дебар е обединета со сите нејзини територии кои ги има. Денес Дебар е на Албанците“, рече градоначалникот Љата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.