НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ нотира нерегуралности- делење дневници, правење списоци, вработувања

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цивил – Центар за слобода во овој момент има 50 акредитирани долгорочни набљудувачи низ целата земја, поделени во девет региони и уште толку активисти, соработници, волонтери и членови на невладини организации со кои соработуваме на овој проект.

За вториот круг на претседателските и вонредните парламентарни избори се предвидува ангажирање на уште околу 100 набљудувачи, од кои поголемиот дел ќе бидат акредитирани во Државната изборна комисија (ДИК).

Во периодот од 1 март до денеска се забележани низа нерегуларности во изборниот процес. Во големиот број извештаи набљудувачите нотирале нерегуларности- еден дел од овие наоди се совпаѓаат со Периодичниот извештај на Мисијата на ОБСЕ Канцеларијата за демократски институции и човекови права за периодот 10-26 март, објавен на 31 март.

Цивил бележи предвремено започнување на партиските кампањи и злоупотреба на јавните ресурси во партиски цели. Општа е оценката дека во многу случаи постапките се во рамките на легалното, но се поставува прашање колку тоа е легитимно.

Цивил и претходно предупредуваше дека политичката ситуација во земјата е загрижувачка и дека веќе подолго време се води агресивна политичка предизборна кампања.

Предвременото започнување на кампањата е утврдено врз основа на партиските активности на теренот, предвременото започнување на средбите со граѓаните и пласирањето на печатен материјал, вклучувајќи и видливо плакатирање, најмалку две недели пред официјалниот почеток на кампањата за претседателските избори.

Во текот на изборната кампања се забележуваат низа помали или поголеми градежни зафати во повеќе општини во земјата. Не е сосема јасно дали тие проекти се започнати пред почетокот на изборниот процес или не, но во секој случај се ставени во контекст на изборите.

Во поглед на злоупотребата на јавните ресурси за партиски цели, од Велес доаѓа извештај дека вработени во локалната администрација порано ги напуштаат своите работни места за да присуствуваат на митинг на една политичка партија.

Во Брвеница, регион Тетово, се вршел притисок врз граѓаните да излезат на митинзи на одредени политички партии. Нашите набљудувачи јавуваат и за закани дека за оние кои нема да гласаат за одредена партија следат инспекции од УЈП.

Во Прилеп се забележува користење на автобуси на јавниот превоз за потреби на партиски митинг во Скопје.

Набљудувачите во Битола јавуваат за составување на списоци. Секој член на една партија мора да даде три имиња кои не се членови на таа партија, а кои ќе гласаат за таа партија. Лицата кои се на тие списоци потоа се контактираат за проверка на списоците.

Во Скопје се бележи дека се делат дневници од 500 денари и храна за луѓето кои се пријавуваат да учествуваат на партиските митинзи низ Македонија.

До Цивил пристигнале неколку извештаи и за изборни вработувања. Од Охрид доаѓа информацијата дека 14 лица добиле привремени вработувања во ЈП Комуналец за време на предизборниот период, односно по официјалниот почеток на кампањата. Во Куманово се бележат вработувања во администрацијата за време на предизборниот период, а од вработените се бара да бидат постојано достапни за партијата која ги вработила.

Цивил предупредува дека постои сериозен проблем и со Избирачкиот список. Потпретседателот на ДИК, г. Субхи Јакупи, за новинарите на редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА, меѓу останатото, изјави дека Избирачкиот список се уште има лица кои се починати. Тој, исто така, кажа дека МВР не помогнало оваа институција да добие точна евиденција за докрај да ја заврши својата задача.

Набљудувачите од Свети Николе јавуваат дека постојат индиции за постоење на двојни лични карти на лица кои гласаат и во Скопје и во Свети Николе.

Од една скопска општина имаме информации за непостоечки влезови во згради или додадени катови на згради. Жителите на овие непостоечки адреси се наоѓаат на Избирачкиот список. Од друга страна, од истата општина се добиваат информации за лица избришани од Избирачкиот список, а кои се постојани жители на таа адреса и гласаат на одредено избирачко место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.