НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Еднаквост за сите, Македонија обединета во различностите

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


-Сите улици кои ги гледате низ селото се со кал. Пред избори ќе ни стават малку асфалт и потоа си заминуваат. И се така до наредните избори веќе осум години. Училиштето со години не ни е изградено. Мост ни ветуваат и тој не ни го направија. Канализација немаме. Вода немаме преку цело лето. Нашиот живот е многу тежок, а најтешко од се е што сме најадени со празни зборови наместо со леб, ги споделувале своите маки жителите на село Алданци пред Пендаровски, соопштуваат од СДСМ.

Информираат дека во Норово и во Житоше, Стево го гледаат како свој претседател, кој ќе им помогне и ќе биде на нивна страна.


– Овие што се на власт ја доведоа земјата во должничко ропство. Не лажеа дека ќе биде подобро, а се што видовме од нив е се помалку пари и се помалку услови за живот, а се повеќе споменици во Скопје, се пожалиле тие.

– Јасна ми е вашата мака, гледам дека тешко живеете. Тоа дополнително ме мотивира да ја добијам оваа битка и да бидам Претседател кој ќе се залага за вас. Од друга страна пак, мило ми е што концептот за соживот кој го предлагам јас, тука функционира одлично. Мојот концепт е еднаквост за сите. Македонија не би била среќна земја, ако не е обединета во различностите. Јас ветувам дека ќе работам за сите подеднакво, ќе работам за нашата подобра иднина и иднина на нашите деца и внуци, истакнал Стево во Житоште.

Жителите пак на Црнилиште и Пресил во Стево гледаат на фаворит. Тој бил пречекан од огромен број жители кои побарале од Стево од понеделник повторно да дојде во Црнилиште и со зелник да ја прослави победата со нив.


– Оваа власт го измисли рецептот за катастрофа на Македонија. Катастрофа е тоа што не ви го плаќаат тутунот затоа што не сте од нивни интерес. Катастрофа е тоа што тие ги поделија граѓаните по сите основи. Трудот и маката на секој поединец мора да се плати, делбите помеѓу граѓаните се недозволени, дециден потврдил Пендаровски.

фотографиите и видеото се во сопственост на СДСМ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.