НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нека не се крие Груевски зад пратеничкиот имунитет

0
By Нова ТВ on April 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Синоќа во штипската населба Сењак, на голем граѓански собир се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев и носителот на кандидатската листа на пратеници од третата изборна единица Марјанчо Николов.

Штип е познат како град-тврдина во Источна Македонија. Исарот бил штитеник на граѓаните и градот Штип. Ајде на 13-ти април да гласаме за промени, сите ние да бидеме заштитници на македонските граѓани и Македонија, да најавиме нов претседател!, се обрати претседателот на СДСМ, Заев пред штипјани.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е универзитетски професор со свој изграден кредибилитет и личен интегритет. Љубовта кон татковината е таа што го води во животот и работата. Во најважните моменти во поблиската историја на земјата тој беше предводник на мирот. Затоа Македонија го заслужува Стево Пендаровски за претседател!, посочи Заев.


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го повика актуелниот премиер Груевски на директно соочување, дуел, да ги спротивстават фактите. Заев упати директна порака до Груевски дека при примопредавањето на премиерската функција токму Груевски ќе биде првиот што ќе ја види оставката на Заев од градоначалничката функција.

Нека се одважи Груевски и нека се откаже од првото место на пратеничката листа, нека не се крие зад пратеничкиот имунитет ако се чувствува исправен пред македонските граѓани.

Заев им порача на штипјани дека 28-ми ќе осамне, и дека сите моќници, челници и функционери кои ќе се дрзнат да го заплашуваат народот, да го поткупуваат избирачкиот глас и да ги уценуваат граѓаните со работни места, ќе одговараат пред Законот. Новиот изборен законик предвидува казни од 3 до 5 години.


-Најавуваме враќање на слободата, на дебатата и разговорот без страв! Сплотени и единствени ќе чекориме напред кон иднината со крената глава ! – го заврши своето обраќање пред граѓаните на Штип, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.