Демократската унија за интеграција вчера поднесе Приговор до Државната изборна комисија, со кој се приговара за вклучувањето на 675 гласачи од Пустец во избирачкиот список, со цел остварување на правото на гласање во амбасада на РМ во Тирана.
– Сите овие гласачи не го исполнуваат законскиот услов за учествуво на изборите во 27 април на парламентарните избори, а уште помалку да гласаат за кандидатите за пратеници за Европа.
– Изборниот законик јасно предвидува дека право на глас имаат граѓаните со адреса на живеење во Македонија, додека во случајот со гласачите од Пустец, тие немаат адреса на живеалиште во Република Македонија, како што се потвдува и со нивните документи за идентификација.
– Овие граѓани се државјани на Албанија со адреса на живеење исто така во Албанија и за одредени причини добиле државјанство на РМ. Тие не претставуваат ниту дијаспора, ниту граѓани со привремен престој во странски земји, ниту граѓани на Македонија, за да имаат можност да гласаат.
– Со оглед на фактот дека се заложуваме за фер избори, бараме ДИК, да ги избрише овие луѓе од избирачкиот список, бидејќи со закон тие немаат право на глас, соопшти на денешната прес-конференција, Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Според него, ДУИ цени дека овој чин ќе придонесе изборниот процес да биде прифатлив и веродостоен за сите страни. Додека оставање на список на овие лица ќе биде во спротивност со одредбите за фер и демократски избори.
Од ДУИ се свесни дека, сепак целта е само една: Албанците да го изгубат пратеникот од Европа. Ова е очаен обид за промена на етничката реалност на дијаспората и за наштетување на албанскиот дел на дијаспората од Македонија.
За жал, во оваа игра против Албанците против ДУИ претходно беше вклучена и ДПА, додека Управниот суд не ги зема во предвид законските аргументи и одлучи на политички начин.
Од ДУИ ги повикуваат претставниците на партиите до ДИК, особено од ДПА, барем еднаш да застане на страна на Албанците и да гласа ЗА, по однос на приговорот на ДУИ, спротивставувајќи се на 675 Македонски гласачи кои неправедно бараат да бидат дел од изборниот процес, на 27 април.