Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сторија: Банка во која моралните принципи се пред профитот

0
By Нова ТВ on April 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 10, 2014 18:17

Мисионери кои водат банка? Она што на прв поглед звучи неверојатно, веќе 50 години постои во Санкт Аугустин, кај Бон, и работи со прилично голем успех. Штајлер Банк е кредитен институт кој пред 50 години го основаа Штајлерските мисионери, кои во меѓувреме работат во 70 земји во светот.

Сите кои во оваа банка ќе отворат сметка, како што се наведува во брошурата на банката, можат да имаат мирна совест. Приходите од каматите муштериите може да ги донираат за редот, односно за неговите мисионерски или хуманитарни активности. И добивката од оваа „добра банка“ се влева во меѓународни хуманитарни проекти.

„Поимот ‘чесен трговец‘ нам ни е енормно важен“, вели директорот на банката Норберт Волф. Во време кога поради финансиската криза нагло се намали довербата на граѓаните во банкарите, Штајлер Банк делува како вистинско мало чудо. Оваа приватна банка работи сосема транспарентно. Тука нема трикови, како што се подароците за новите муштерии. Нема ниту премии за вработените кои во банката ќе доведат нов муштерија, како што тоа е вообичаено во банкарскиот свет.

Доверба во поинаквите банкариМорални принципи

Дејноста на сите фирми чии хартии од вредност Штајлер Банк ги нуди преку своите фондови, на некој начин се темелат врз еколошки, но и етички начела. Во фондот се наоѓаат хартии само на претпријатија кои задоволуваат строги критериуми. „На пример, гледаме и каква е политиката на тоа претпријатие кога станува збор за можноста на поврзување на кариерата и семејството или како фирмата се однесува кон трошењето енергија“, вели директорот Волф.

Списокот на критериуми кои Штајлер Банк ги наведува како предуслов за влез во некој фонд, е долг. Значи, нема претпријатија кои тргуваат со оружје, козметички фирми кои изведуваат обиди со животни или каква било фирма која на некој начин е поврзана со тутнската индустрија или производството на алкохолни пијалоци. А со оглед на тоа што се работи за банка која е во раце на Католичката црква, тука не можат да се најдат ниту хартии од вредност на фирми кои имаат каква било врска со порнографија или абортус.

Нема совршени

Така звучи теоријата, но во пракса е многу тешко да се контролира секој вид на поврзаност на едно претпријатие. Освен тоа, за воопшто да влезат во портфељот на банката, фирмите мора да остваруваат и каков-таков профит, а тоа не е секогаш можно преку принципите кои ги брани црквата. „Апсолутно одржливо претпријатие и претпријатие кое во целост би ги задоволило нашите критериуми – едноставно нема!“, признава и раководството на банката. Затоа Штајлер Банк се концентрира на одделни бранши кои се најблиски до идеалот на „совршено претпријатие“. Но и самите банкари, кога е во прашање сопанството, признаваат дека е невозможно да се оди само по принципот на етиката. Како инаку да се објасни тоа што во портфељот се наоѓаат и хартии од вредност на БМВ, чии автомобили поради натпросечната потрошувачка им се трн в око на еколозите?

Сторијата е превземена од сервисот на македонски јазик на Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.