Во Шутка организирано се превезуваат гласачи до гласачките места со автомобили кои на десниот агол од шофершајбната имаат залепено хартија со бројот 1.
Неколку такви автомобили кружат низ Шуто Оризари, ги земаат гласачите од домовите, ги носат до гласачките места да гласаат, а потоа во придружба ги спроведуваат до самото место на гласање, од автомобилот до гласачкото место.
Гласачите одбиваат да одговорат кој ги превезува и со кои цели, јавува репортерот на НОВА, Дехран Муратов.
НОВА ќе информира за понатамошниот тек на гласање во Шуто Оризари.
Фото: Архивска снимка