На неколку избирачки места на Општина Гостивар до 10.00 часот воопшто не е гласано ниту за еден кандидат.Се работи за избирачки места во селата Падалиште, Корита, Мирдита, Страјан, Ѓеновица во три гласачки места во Чегране и на едно избирачко место во Чајле.На 51 гласачко место од вкупните 119 излезноста во избирачките места била под 10 гласачи.
Во Гостивар до 10 часот гласале 2117 гласачи или 2.74 %.На последните избори оние локални од 2013 година до 10.00 часот гласале 7105 гласачи или 9.46 %
Во меѓувреме, Граѓанската Асоцијација МОСТ забележал дека избирачкото место 1954 во Општина Тетово е отворено са 10 минутно задоцнување околу процедурата за подготовка за отварање на гласачкото место.
Гласањето во Тетово почнало на време каде 79.807 граѓани имаат право на глас во 117 избирачки центри.
Потпретседателот на Општинската Изборна Комисија – Тетово Звонко Ристевски вели дека изборите поминуваат без проблеми и излезноста до 10.00 часот била 3.77 % или гласале 2227 гласачи.
Во Општина Дебар избирачките места беа отворени на 07:00 часот, без никакво одлагање и гласањето помина во духот на смиреност и без инциденти.
Одѕивот на гласачите е низок и до 10:00 часот излегоа само 2,14% граѓани на Дебар.