Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тепачка, поткуп, избришано мастило, читања на глас забележува МОСТ до 13 часот

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 13, 2014 14:21

Според информациите на Граѓанската асоцијација МОСТ од терен, во текот на денешното гласање, забележани се неколку неправилности на гласачките места.

– На гласачките места 0047, 0070 и 0081 во општина Битола, ГМ 1030 во општина Куманово, како и ГМ 2615 и 2622 во општина Карпош видливото мастило се брише со влажни марамчиња.

– На ГМ 0750 во општина Кичево гласањето било прекинато во 13:25 поради тоа што на двајца гласачи не им било дозволено да гласаат затоа што некој друг веќе бил потпишан на нивното место во Избирачкиот список. ИО увидел дека претходните 2 гласачи се потпишале на погрешно место во Избирачкиот список, при што им дозволил на овие 2 гласачи да се потпишат на местата на претходните гласачи. За ова е известена ОИК и се чека да пристигне на ГМ. Гласањето продолжило во 13:35.

– На ГМ 0671 во општина Кавадарци еден гласач одбил да биде обележан со видливо мастило при што ИО направил записник за случајот.

– На ГМ 2156 во општина Велес член на ИО му помогнал на гласач кој не можел да гласа сам. Гласачот со себе довел лице кое требало да му помогне при гласањето, но ИО не му дозволил да му помогне бидејќи лицето претходно гласало.

– На ГМ 1782 во општина Ново Село имало прекин на гласањето во траење од 10 минути. Пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи и член на ИО реагирал при што настанала тепачка и била повикана полиција.

– На ГМ 2948/1 во општина Бутел член на ИО води свој рачно напишан список за евиденција на гласачите. Прво ги проверувал гласачите во својот список а дури потоа во Избирачкиот список.

– Пред ОУ “Браќа Миладиновци” (ГМ 1853) во општина Струга и ОУ “Климент Охридски” во општина Битола (ГМ 0119) забележани се лица кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места.

– На ГМ 1858 во општина Струга еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. ИО реагирал, но гласачот избегал од гласачкото место. ИО го пријавил инцидентот во полиција.

– На ГМ 2761 во општина Кисела Вода ИО ги читал на глас имињата на гласачите, а членовите на ИО не носеле акредитации. Читање на глас е забележано и на ГМ 0091 во општина Битола.

– На ГМ 0884 во општина Чешиново-Облешево двајца гласачи јавно кажале за кого го дале својот глас, додека пак двајца гласачи на ГМ 0188 во општина Могила и еден гласач на ГМ 0839 во општина Кочани на ИО му го покажале гласачкото ливче пред да го стават во гласачката кутија.

– На ГМ 1706 набљудувач на организацијата „Излези и гласај“ се претставил како набљудувач на МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 11 часот е 14,16%, до 12 часот е 19,88%, а до 13 часот е 25,31%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.