Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Одѕивот до 14 часот- 25,79 проценти

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 13, 2014 16:38

Одѕивот на гласачите на претседателските избори до 13 часот и 40 минути, изнесува 25,79 отсто, соопшти Државната изборна комисија. До тој период на гласање излегле 415.670 граѓани. Најголема е излезноста во општина Новаци 50,3 отсто каде гласале 1.520 избирачи, односно во Битола 35 отсто, каде гласачкото право го оствариле 28.557 граѓани.

Над 30 отсто е и излезноста во скопските општини Кисела Вода (36,22), Аеродром (33, 46), Ѓорче Петров (31, 71), како и во Гевгелија (36,87) Велес (33,63), Охрид (31,81) Кавадарци (31,78) и Струмица (28,80). Најмал е одѕивот во Липково (3,76) Арачиново (4,48), Боговиње (4,56) Сарај (4,49). Во Струга излезноста е 11,02 отсто, а во Тетово, 11,61.

Споредено со претседателските избори во 2009 година, според ДИК, во истиот термин одѕивот на гласачите бил сличен со денешниот, односно тогаш изнесувал 26, 25 отсто.
МОСТ, според податоците добиени од ПВТ програмата – паралелно пребројување на гласовите, која претставува математичко-статистичка научна метода, соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот е 25,31 отсто.

Оваа година бројот на избирачките места во земјата е зголемен за 504, во согласност со измените во Изборниот законик, според кои на едно гласачко место не смее да има повеќе од 1.000 избирачи. Поради ова дел од избирачите беа преместени во други гласачи места, што создаде и забуна кај гласачите, но и грешки во списоците на некои општинските изборни комисии, како што беше случајот во Велес. Таму утрото се појавила разлика од преку илјада гласачи во списоците на ДИК и на Општинската изборна комисија, но таа разлика подоцна била отстранета. Две политички партии веќе реагираа за овој случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.