НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ и Хелсиншки: Поседување по неколку лични карти, агитирање и групно гласање

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пет лични карти му паднале од џеп на едно лице во населбата Кисела Вода. Забележано е групно и семејно гласање, а некои граѓани биле спречени да гласаат бидејќи ги нема на Избирачкиот список, информираше невладината ЦИВИЛ.

„Најголем број од пријавите на граѓаните се однесуваат дека мастилото се отстранува лесно и ги покажуваат своите сомневања дека може да дојде до злоупотреби. Имаме пријава од граѓанин кој откако објавил видео на кое евидентно е мастилото кое лесно се отстранува и дал изјави за медиумите за тоа, добил закани од еден пратеник дека после изборите ќе се пресметаат“, објави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Граѓанинот го пријави случајот до Хелсиншкиот комитет, бидејќи неговата пријава до избирачкиот одбор и до полицијата не наишла на никаква реакција.

Неколкумина стружани наместо еднаш гласале повеќе пати, на неколку гласачки места, бидејќи поседувале по неколку лични карти, објави Хелсиншкиот комитет, а според граѓаните на овие избирачки места немало полиција и дека не се водела евиденција за гласачките ливчиња.

Покрај ова забележано е групно и семејно гласање, а граѓани биле спречени да гласаат бидејќи ги нема на Избирачкиот список, а во училиштето Браќа Миладиновци член на избирачкиот одбор вршел партиска агитација информираше невладината ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ информираше за низа неправилности и нерегуларности 1043 Куманово комисијата била составена само од две лица тие не биле обележани со потребните беџови.

Во Демир Капија луѓе кои ги немало на Избирачки список им рекле дека по 14 часот ќе го решат нивниот проблем, но подоцна им одговориле дека тоа ќе биде регулирано за вториот изборен круг, објасни Џабир Дерала.

Друг случај во Демир Капија е гласач на кој му била згрешена првата буква од презимето во Избирачкиот список не му било дозволено да гласа.

Во општина Центар на едно избирачко место, набљудувач на една партија избирачко место 2821 ги проверувал личните податоци на гласачите, на друго избирачко место во општина Центар забележана е асистенција на постаро лице од страна на набљудувач на една партија при што Избирачкиот одбор на реагирал, извести ЦИВИЛ за дојава на нивни набљудувач.

Набљудувачите на невладината „Цивил“ забележале дека починати лица во Ѓорче Петров биле евидентирани дека гласале.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.