Според информациите кои пред малку ги соопшти Државната изборна комисија излезноста до 17 часот 41,23 %
Според ДИК забележан е поголемен одзив во општините со мнозинско македонско население, за сметка на оние со албанско.
Еве дел од информациите за излезноста според ДИК, Битола 52%, Тетово 29%, Гостивар 18%, Чаир 13,75%, Шито Оризари 24 %, Центар 53,84%, Велес 52%, Охрид 50%, Гевгелија рекордер гласале над 60%, Прилеп 58,82%, Кавадарци 57,41%.
За разлика од тоа во Теарце гласале само 16%, Студеничани 15%, Дебар 13%, Сарај само 9%, а во Липоково е најниска излезноста 8%.
На прашањето на НОВА од каде е набавено мастилото, за кое граѓаните велат дека лесно се брише, ДИК со одговор: „Навистина, не знам да ви кажам, за тоа информации на следната прес-конференција“, рече портпаролот Билјана Јовановска.