Според нашите првични информации од терен, одзивот на гласачите е околу 50 проценти, соопшти Оливер Спасовски, Генерален секретар и Шеф на Изборен штаб на СДСМ.
– Досегашните информации од изборниот ден, говорат дека за жал гласањето во голем број избирачки места беше проследено со низа нерегуларности и неправилности.
– ДИК и надлежните институции имаат обврска согласно законот да ги санционираат сите прекршувања на изборниот процес.
– Но она што е значајно, е дека денеска, на изборниот ден, како и изминативе денови, кај граѓаните се чувствува изразена воља за промени, вели Спасовски.
Тој истакнува дека граѓаните почувствувале дека кандидатот на СДСМ е профил на кандидат за претседател кој им дава вистинска надеж. Спасовсаки изрази надеж дека СДСМ очекува резултатите од изборите да го потврдат ова расположение на граѓаните и масовната поддршка за Стево Пендаровски.