„Недела, 13 Април 2014, Ти и Твојата фамилија кажете им НЕ на преседателските избори. Не излегувајте да гласате, НЕ ИЗЛЕГУВАЈ, НЕМАШ ЗА КОГО ДА ГЛАСАШ! ”
Ова е текстот на пораката која пристигала на мобилните телефони на многу граѓани со името ‘BDI’, додека бројот од каде била пратена пораката бил скриен. НОВА доби фотографија со содржината на оваа СМС порака која наводно пристигнала до сите вработени во државната администрација од албанска националност, вели за НОВА вработен кому му пристигнала оваа порака.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи негира дека оваа порака е пратена од ДУИ.
„Пораката не е пратена од партијата, немам информација кој го пратил, но мислам дека Албанците нема да излезат на избори на кои нивниот глас е само декор”, рече Османи.